Дауновиот синдром нема да ја спречи да ги постигне зацртаните замисли

8th Mar 2017
Screen Shot 2017-03-13 at 19.27.43

Нина, девојката која пленува со својата елоквентност, со својата самоувереност и верба дека Дауновиот синдром нема да ја спречи да ги постигне зацртаните замисли. Девојка која е среќна да има семејство кое наспроти некои грешни совети од стручните лица секогаш верувало дека Нина ќе има исполнет живот!!!

Јас бев пресреќна кога разбрав дека таа студира на факултетот каде дипломирав и јас и посакав да сум јаа запознала во студентските денови, па кога се роди Луциа да имав сосем поинаква слика за тоа каков живот треба и ќе има мојата ќерка.

На овој ден, иако Дауновиот синдром нема да исчезне, барам од вас да ја гледате Нина како способна девојка, како жена која се бори за своите права да го постигне својот максимум. Тогаш ќе можеме да кажеме дека Дауновиот синдром е само состојба, но независно од него, Нина и многу други млади дами се пред се заслужни членови на нашите други заедници…денес на женската, раскошната, дотераната, убавата, насмеаната…среќен 8ми март!

Comments are closed.