Christmas workshop

6th Dec 2015
12299153_960058280698868_2144583774758329003_n

НОВОГОДИШНА РАБОТИЛНИЦА со Ротари Клуб – Скопје “Парк”.
Со особена радост Ве покануваме да учествувате и да го дадете својот креативен придонес во новогодишна работилница на која ќе се изработуваат новогодишни честитки и украси. Изработките ќе се продаваат во основните училишта во Скопје, а собраните парични средства ќе бидат искористени за потребите на Вашето Здружение. Настанот е замислен како дружба меѓу деца и лица со Даунов синдром и деца со типичен развој со цел остварување нови пријателства, наминување на предрасудите и заедничка забава по повод празничната сезона..

Работилницата ќе се одржи во игротеката Тиквичка во Карпош 4, на 08.12.2015 година (вторник) од 17 до 19 часот.

Ве очекуваме, преку заедничко дружење да ја откриеме творечката страна во секој од нас и заедно да ја обоиме Новата Година со највеселите бои!!!

Comments are closed.