Christmas bazaar 2015

3rd Dec 2015
index3423523

Центарот за Даунов синдром (DSC) со големо задоволство Ве повикува на 5-ти декември, сабота, од 12:00 – 16:00 часот, во Интернационалното училиште QSI (ул.Женевска 51, на последна 24-ка во нас. Тафталиџе) да го посетите нашиот штанд на Божиќниот Базар кој Меѓународното Здружение на жени (IWA) традиционално го организира повеќе години. На овој мал Базар ќе имате можност да купите различни новогодишни и божиќни подароци изработени од различни уметници, талентирани ентузијасти и занаетчии.

Влезниците ќе чинат 100 денари по лице, а децата не плаќаат влез. Ќе може да купите рачно изработени предмети, накит и домашни колачиња, да уживате во божиќна музика и децата да ги занимавате на бесплатните креативни работилници. Се очекува да има над 20 разновидни штандови.

index4363476

На 5-ти и 6-ти декември, сабота и недела, од 10:00 – 21:00ч. ќе имаме штанд и на Божиќниот Базар во Јавна соба.

Центарот за Даунов синдром ќе ги претстави Елизабета Петковска, 44-годишна девојка со Даунов синдром, која изработува преубав накит со плетење и еклање (http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112414922424&id=9&prilog=0&setIzdanie=23330). Оваа година ќе ни се придружи група ученици од училиштето „Златан Сремец“. Нашите пријатели Александра Зиновски Вилиќ и Алхемист ќе го поддржат Центарот со подарување на дел од заработените средства. Сé што ќе продадат нашите учесници ќе биде нивна заработка и начин да ги повратат средствата кои ги вложиле во нивните креации. Центарот ќе има и други производи за продажба од кои се надеваме да собереме барем симболичен фонд за поддршка на нашите идни настани. Тие вклучуваат новогодишни честитки, календари, книги, бележници за читање…

index1214

Дојдете, купете наши производи и дозволете си да ги пречекорите предрасудите за можностите и талентите на лицата со Даунов синдром!

Огромна благодарност за оние кои ќе не посетат и ќе ја прошират оваа вест медиумски и преку социјалните мрежи.

За повеќе информации и изјави, обратете се до:

Ида Мантон
Претседателка и основач на
Центарот за Даунов синдром
072 220 577
downsyndrome.mk@gmail.com

Comments are closed.